Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во Собранието опозициски пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 126. седница, на која на предложениот дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 126. седница, на која на предложениот дневен ред се осум точки, а исто така премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања на пратениците од опозицијата.  

По усвојувањето на дневниот ред, на секоја втора пленарна седница се одржуваат опозициските пратенички прашања. 

На предложениот дневн ред за 126. седница се предлог-закон за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, предлог за избор на надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност, предлог на Законот за финансиската поддршка за намалување на последиците од економската криза врз земјоделското и сточарското производството и откупот на земјоделските производи во 2026 година, по скратена постапка, барање за давање автентично толкување на член 141 став (4) од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Даниела Николова, предлог-одлука за испраќање припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија – АЛТЕА во Босна и Херцеговина, предлог-одлука за именување претседател и членови на одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, дополнет предлог-закон за државната ревизија – трето читање и предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија.