Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Македонија

Во Собранието Конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“

Дводневна конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“ ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дводневна конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“ ќе се одржи денеска и утре во Собранието во рамки на која ќе се разгледа улогата на ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, министерот за европски прашања Беким Сали и  вршителот на должноста амбасадор на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос.

Во текот на денешниот ден ќе се одржат неколку сесии, а првата е посветена на улогата на парламентите на Западен Балкан во процесот на пристапување кон ЕУ: новини и случувања на европско и регионално ниво. На оваа сесија ќе говори Џулио Венери, заменик-раководител на Одделението за стратегија и координација на проширувањето, DG ENEST, Одделение А1, Европска комисија, како и претставници на делегации од земјите на Западен Балкан. Сесијата ќе понуди стратешки согледувања од Европската комисија за улогата и подготвеноста на парламентите на земјите од Западен Балкан во рамките на процесот на пристапување, по што ќе следат регионалните перспективи и најновите случувања презентирани од страна на учесничките делегации од Западен Балкан.

Реклама

Втората сесија е на тема „Парламентите како носители на соработката: значењето на парламентарниот придонес за зајакнување на регионалната соработка, а на неа ќе говорат Маја Рибар-Саркиновиќ, политички советник, Совет за регионална соработка и  Ана Крстиновска, извршен директор на Естима, по што следува заедничка дискусија. 

Потоа следува прегледот на состојбата со спроведувањето на принципите на ефективен парламентарен надзор во процесот на европска интеграција – Законодавна функција, надзорна функција, каде ќе говори Александар Андрија Пејовиќ, експерт на ГИЗ, по што ќе следува заедничка дискусија. 

Учесниците потоа ќе се осврнат на преглед на состојбата со спроведувањето на принципите на ефективен парламентарен надзор во процесот на европска интеграција – Парламентарна дипломатија, административни капацитети, комуникација и видливост, каде ќе говори Демуш Шаша, експерт на ГИЗ, по што следува заедничка дискусија. 

Последната сесија денеска е на тема „Во фокусот: успешни парламентарни практики“, а на неа ќе се обрати Демуш Шаша, како и претставнци на делегации од земјите на Западен Балкан.

За утре се предвидена две сесиии. Првата е на тема „Чувари на реформските процеси: Како да се зајакне парламентарниот надзор врз реформската агенда?“, на која ќе говори Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика, по што следува заедничка дискусија. Оваа сесијата има за цел да ги разгледа стратегиите и алатките за зајакнување на улогата на парламентите на земјите од Западен Балкан во следењето на спроведувањето на реформската агенда и поврзаните процеси, со цел реформските заложби да се преточат во конкретен и транспарентен напредок во регионот.

Втората сесија утре е на тема „Од документи за јавни политики до реалност: можни сценарија за новиот тек на процесот на проширување“ и на неа ќе се обрати Александар Андрија Пејовиќ, по што следува заедничка дискусија. Сесијата ќе даде преглед на актуелните политики и случувања на ниво на ЕУ во однос на можните новини во методологијата за пристапување кон ЕУ и ќе отвори дискусија за тоа како овие промени би можеле да влијаат врз процесот на проширување.

По завршувањето на двете сесии утре предвидени се завршни обраќања и затворање на конференцијата.