Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Во Скопје 5. издание на трката „Водно 10К”, посебен сообраќаен режим

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје денеска го организира петтото издание на трката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје денеска го организира петтото издание на трката „Водно 10К”. Најавено е учество на 500 натпреварувачи, а стартот на трката е во 10:00 часот на долниот паркинг на Средно Водно.

Рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад, со вкупна должина од 9,6 километри. Делницата ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

Покрај оваа трка, од речиси 10 километри, предвидена е и штафетна трка.  

Реклама

-Апелираме до сите граѓани да го користат јавниот превоз, а за натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на Средно Водно и по завршувањето на настанот во обратен редослед, наведуваат од  Атлетскиот клуб „Фортиус“.

Од МВР соопшуваат дека поради орджувањето на трката од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај на трасата на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.