Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Во Штип завршна работилница од проектот „AkuoEduLab“ – Зелен трансфер

На Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа завршниот настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија. Деканот на Факултетот за образовни науки-Штип, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа завршниот настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија.

Деканот на Факултетот за образовни науки-Штип, Трајче Стојанов рече дека проектот Akuo EduLab им овозможи на студенти по образовни науки, наставници од основните училишта и ученици заеднички да работат на теми поврзани со одржливоста, обновливите извори на енергија, биодиверзитетот и климатските предизвици.

-Факултетот за образовни науки влезе во овој проект пред неколку месеци со особено задоволство, затоа што нашите француски партнери како и невладината организација помогнаа во целата работа да можеме на студентите да им пренесеме некои од компетенциите кои се  важни не за иднината, туку за сегашноста. Екологијата, биодиверзитетот, еколошките проблеми се пробеми на денешницата, а не на утрешницата, и Факултетот за образовни науки е благодарен и среќен што е дел од овој проект-вели Стојанов.

Реклама

Александра Сомбстај извршен потпретседател за односи со јавност во Akuo, потенцира дека нејизната компанија сака покрај делување во произвдство, да придонесе и во едукација.

-Ние спроведовме серија на работилници заедно со студентите од УГД, со цел да го пренесеме знаењето, технологијата, како се спроведуваат проекти во средина како што е Македонија и во средина како што е ЕУ.  Фокусот ни беше, откако ќе ги обучиме студентите, тие понатаму да ги обучуваат учениците во основните училишта. Akuo е француска компанија која се занимава со производство на опрема за производство на соларна енергија. Целта на компанијата не беше само производството, туку да се позиционира во македонското општетсво и да креира синергија со студентите и со граѓаните-рече Сомбстај.

Во реализација на активностите на овој проект беа вклучени професорките од ФОН, Снежана Ставрева Веселиновска и Деспина Сивеска. Универзитетската професорка Ставрева Веселиновска истакна дека во рамките на овој проект работеле на два модули и се одржани предавања на студентите од насоките педагогија и оделенска настава.

– Целта беше да ги обучиме како да изградат зелени компетенции и како сите тие знаења да ги вградат во другите наставни предмети. За жал, во образованиот систем во Р.Македонија во деветгодишното основно образование, средното, па и во високото- еколошкото образование и воспитание, како и образованието за одржлив развој не е застапено како задолжителен наставен предмет. Со тоа што како иницијатива го покренавме , педагогијата и образованието се исправува пред нови предизвици – како да направиме свесни и одговорни граѓани. Не е целта ние како универзитетски професори да ги подготвиме не само за она што им го предаваме како предмети, туку и за една нова иднина, заради тоа што светот се соочува со сериозни еколошки катастрофи. Треба веќе и на национално ниво да се покрене иницијатива за воведување на вакви содржини во образовниот систем – изјави Ставрева Веселиновска 

Јасмина Петровска Нешковска, претставник од Здружението на граѓани Еко лоџик, со фокус на заштита на животна средина и одржлив развој рече дека голем фокус ставаат на формално и неформално образование, почнувајќи од претшколска возраст, основно и средно образование, па дури и едукација на возрасни и стручно образование. 

-Во овој проект, Еко лоџик всушност претставува организација одговорна за имплементација. Успехот на овој проект е заслуга на сите наши соработници, едукатори, професори, кои всушност креираа модули кои понатака можат сите наставници низ Макеоднија да ги користат, со што ќе воведеме малку поинакво образование од он а што досега го мимаме. Неформално образование, вклучувајќи екепсериментална работа итн. Тоа што Универзитетот  „Гоце Делчев“ ни додели професори во проектот, го направи успешен и денеска се наоѓаме на финалниот настан. Целта е одржлива едукација да се пренесе кај студентите. Трениравме 23 наставници од основните училишта во Штип, но и студенти кои понатака како експериментална работа ќе можат да ги претстават сите овие климатски промени, со кои се соочуваме денеска,  на поинаков начин на децата-вели  Петковска од Еко лоџик. 

Во рамки на настанот беа презентирани резултатите од проектот, искуствата на учесниците и можностите моделот на Akuo EduLab да се примени и во други образовни средини.