Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Во Штип саниран и вториот дефект на главната водоводна линија, високите зони постепено добиваат вода за пиење

Саниран е и вториот дефект на главната водоводна линија во Штип. Водоснабдувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Саниран е и вториот дефект на главната водоводна линија во Штип. Водоснабдувањето полека се нормализира, а во високите зони пристигнува водата за пиење, со намален притисок. Во соопштението на комуналното претпријатие „Исар“ се наведува дека  дефектот е саниран од страна на стручните лица од работна единица „Водовод и канализација“.

– По секој голем дефект,нормализирањето на водоснабдувањето се врши согласно посебни протоколи за работа , етапно, без нагло пуштање на водата со цел избегнување на дополнителен ризик по водоводната мрежа.Ви благодариме за истрајноста, трпението и разбирањето – соопштуваат од ЈП „Исар“. 

Инаку, десет населби во Штип изминатите четири дена немаа вода за пиење, бидејќи во два наврати се вршеше санација на дефекти на главната водоводна линија. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вчерашната прес-конференција прогласи кризна состојба во дел од населбите од Штип, по што се обезбедија цистерни за техничка вода и на населението се делеше флаширана вода за пиење. Според Јорданов дефектите кои се појавија на делот на главната водоводна линија е стара половина век. Најави дека следната година ќе се вложи со замена на главните водоводни цевки на овој дел од главната водоводна линија.