Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Економија

Божиновска втор ден на P-TEC  во Варшава, продолжуваат разговорите за енергетската сигурност и стратешките партнерства

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска продолжува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска продолжува со учеството на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, каде што во фокусот се енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и заштитата на критичната инфраструктура. Вториот ден од форумот е посветен на министерската соработка и стратешките енергетски прашања од заеднички интерес за Европа и САД.

Вчера, Божиновска учествуваше на панел-дискусијата „Зајакнување на европската енергетска безбедност: отпорност на критичната инфраструктура и диверзификација на снабдувањето“, на која ги презентираше конкретните чекори што ги презема државата за обезбедување алтернативни правци за снабдување и поголема регионална поврзаност.

Таа истакна дека по три децении зависност од еден извор за снабдување со природен гас, преку Бугарија, земјава развива нови инфраструктурни поврзувања преку интерконекторите со Грција и Србија. Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во јуни следната година, а подготвен е и за транспорт на водород. Како дополнителни чекори ги посочи активностите за електроенергетско поврзување со Албанија и повторното ставање во функција на продуктоводот со Грција, по 12 години неактивност.

Реклама

Во дискусијата беше отворено и прашањето за заштитата на критичната енергетска инфраструктура од сајбер-напади и закани од дронови. Божиновска нагласи дека се неопходни координација меѓу институциите, операторите и приватниот сектор, како и соодветна законска рамка. Таа се осврна и на предизвиците во синџирите на снабдување, посочувајќи дека инвеститор заинтересиран за изградба на гасна турбина добил прв достапен термин за испорака е во 2032 година. Ова ја потврдува потребата новите енергетски проекти уште во фазата на планирање да ги земат предвид технолошките промени, резервните системи и безбедносните ризици.

Денешната програма продолжува со министерски дискусии за нуклеарната енергија, трансатлантската индустриска соработка, сигурноста на снабдувањето со течен природен гас (LNG), финансирањето на стратешката енергетска инфраструктура и нејзината заштита. Учеството на P-TEC е можност за продлабочување на партнерствата со САД и европските земји и зајакнување на регионалната соработка во насока на посигурен и поотпорен енергетски систем.