Младите луѓе никогаш не биле пообразовани, поповрзани со информации или посвесни за своите права. Сепак, милиони млади сѐ потешко ги обезбедуваат основните темели на живот во зрелоста, како што се пристојна работа, финансиска независност, домување, партнерски односи, семејство и право на глас за сопствената иднина.
Извештајот за состојбата на светското население за 2026 година, „Следните генерации: Зајакнување на младите да ја креираат иднината“ (Succeeding Generations: Empowering young people to chart the future), што денеска го објави Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), открива растечки јаз помеѓу можностите што младите ги стекнале на хартија и реалноста со која се соочуваат после
полнолетството.
Многу млади созреваат во услови на економска несигурност, конфликти, климатски промени, брзи технолошки промени и продлабочена нееднаквост. Некои сè повеќе го одложуваат осамостојувањето, партнерството и родителството. За други, сиромаштијата и кризите прерано им наметнуваат одговорности својствени за возрасни. Во двата случаи, станува збор за генерација која се обидува да ја изгради својата иднина во услови што премногу често ги ограничуваат изборите што ѝ сe на
располагање.
„Младите луѓе сакаат независност, стабилни врски, а многумина сакаат и деца. Но, премногу често економската несигурност, недостапното домување, конфликтите и исклученоста ги ставаат тие аспирации вон нивен дофат“, изјави Диене Кеита, извршна директорка на УНФПА. „Наша одговорност е да се погрижиме нивните аспирации да станат реални избори. Тоа значи инвестирање во нивното здравје, образование и економски можности. Тоа значи заштита на нивната способност да
носат одлуки за сопствените тела и животи“.
Извештајот покажува дека историски високите нивоа на образование, невидениот пристап до информации и големите подобрувања во глобалното здравје и човековите права не можат да гарантираат сигурен почеток на зрелиот период од животот бидејќи економската несигурност, нееднаквоста и другите дестабилизирачки фактори ги спречуваат младите самите да го обликуваат својот живот. Климатските промени, конфликтите, брзиот развој на вештачката интелигенција и огромните кратења на финансиските средства за глобалното здравје и развој дополнително ги
усложнуваат предизвиците.
Овие испреплетени притисоци веќе влијаат врз некои од најличните одлуки на младите луѓе. Неодамнешната анкета на УНФПА спроведена на повеќе од 100.000 млади во 73 земји и територии покажа дека иако тие сè уште сакаат да најдат партнери и да имаат деца, финансиската несигурност го отежнува остварувањето на овие животни пресвртници – младите се осамостојуваат од своите родители во доцните 20-ти години, формираат дом во 30-тите, а стануваат родители наближувајќи се кон 40-
тата година од животот.
Соочени со овие предизвици, младите преземаат акција – се организираат во своите заедници, се мобилизираат онлајн, преземаат правни мерки и се приклучуваат кон јавни кампањи и протести. Дел од нив што беа консултирани за потребите на извештајот се јасни за тоа што треба да се промени – потребна им е подобра подготовка за иднинaта на пазарот на труд; пристојни можности за заработка и осамостојување; заштита на нивната телесна автономија и репродуктивен избор; посилна здравствена
и социјална поддршка; како и значајна улога во одлуките што ќе ги обликуваат нивните
животи.
Централната порака на извештајот „Следните генерации“ е дека глобалните партнери мора да направат повеќе за да создадат услови во кои животните пресвртници ќе бидат остварливи. Обезбедувањето здравје, сигурност, можности и влијание за младите самите да го градат својот живот не е само инвестиција во една генерација. Тоа ќе помогне да се определи какви општества, економии и семејства ќе наследат генерациите што доаѓаат.
Извештајот на УНФПА „Следните генерации: Зајакнување на младите да ја креираат иднината“ можете да го погледнете на следниот линк: www.unfpa.org/swp2026
Клучни факти и бројки од Извештајот за состојбата на светското население за 2026
година:
1. 1 од 5 млади луѓе на глобално ниво не се вработени, ниту се вклучени во
образование или обука.
2. Во земјите со ниски приходи, 4 од 5 млади возрасни лица немаат сигурна
платена работа.
3. Младите жени на возраст од 15 до 24 години имаат повеќе од двојно поголема
веројатност од младите мажи да бидат надвор од системот на вработување,
образование или обука, додека 49 проценти од младите лица со попреченост
ниту се во училиште ниту се вработени.
4. Околу 76 проценти од испитаниците помлади од 30 години, анкетирани од
Канцеларијата на пратеникот за млади на ОН, изјавиле дека политичарите не ги
слушаат младите луѓе.
5. Бројот на млади на возраст од 10 до 24 години кои живеат во радиус од 50
километри од активен конфликт повеќе од двојно се зголеми — од 164 милиони
во 1990 година на 340 милиони во 2022 година.
6. Аспирациите на младите вклучуваат партнерство и создавање семејство (од
истражувањето на УНФПА на повеќе од 100.000 млади луѓе со пристап до
интернет во 73 земји):
o 70 проценти изјавиле дека бракот е нивниот идеален облик на
партнерска заедница.
o 91 процент посакуваат барем едно дете.
o 73 проценти сметаат дека да се има партнер и деца се важни животни
пресвртници.
7. Повеќе од 40 проценти од испитаниците на возраст од 35 до 39 години кои
сметаат дека бракот е идеален, не се во брак.
8. Една четвртина од испитаниците на возраст од 35 до 39 години изјавиле дека
имаат помалку деца отколку што би сакале да имаат на таа возраст.
9. Финансиската несигурност е најчесто наведуваната пречка за стапување во
партнерство (57 проценти од испитаниците) или за имање деца (72 проценти
од испитаниците).
10. Испитаниците со најоптимистички поглед кон иднината планирале да имаат за
0,4 деца повеќе во споредба со најпесимистичките испитаници.
4
11.Меѓу девојките на возраст од 15 до 19 години кои имале интимен партнер,
речиси една четвртина пријавиле дека некогаш доживеале физичко или
сексуално насилство од партнер.
12. Нарушувањата на менталното здравје сега сочинуваат 19 проценти од вкупното
оптоварување со болести кај адолесцентите.
13.Лицата на возраст од 30 години и помлади сочинуваат 19 проценти од светското
население, но заземаат само 2,8 проценти од пратеничките места при што
помалку од половина од тие места им припаѓаат на жени.
14. Официјалната развојна помош од земјите на ОЕЦД се намали за 23 проценти во
2025 година, што претставува досега најголем годишен пад.
15. Како што се намалува меѓународното финансирање за здравство и развој, до
2030 година би можеле да има дури 22 милиони дополнителни смртни случаи
кај луѓе од сите возрасти, кои инаку би можеле да се спречат.
За УНФПА и Извештајот за состојбата на светското население
УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации, е агенција на ОН за сексуално и репродуктивно здравје, која работи на унапредување на правата и изборите на жените, девојките и младите луѓе во повеќе од 150 земји и територии. Агенцијата им обезбедува суштински здравствени услуги, заштита од насилство и витални информации за нивните тела и права на милиони жени, девојки и млади. Исто така, им помага на владите да планираат за демографските промени со цел да изградат инклузивни и
отпорни општества.
Извештајот за состојбата на светското население е водечка годишна публикација на УНФПА и се објавува годишно од 1978 година. Извештајот ги обработува новите прашања во областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права, ставајќи ги во фокусот на јавноста и истражувајќи ги предизвиците и можностите што тие ги носат за меѓународниот развој.

