Филипче и СДСМ упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.
И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДСМ и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.
Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДСМ избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.
Кога обвинуваат СДСМ и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДСМ и Филипче молчат и ги нема.
Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДСМ и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?
СДСМ и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.
Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДСМ и Филипче да не се кријат.

