Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во Штип премиера на документарниот филм „Кирил Донски-витезот на Македонија“

„Кирил Донски-витезот на Македонија“ е насловот на документарниот филм, кој вечерва во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе биде премиерно прикажан пред штипската публика. Документарниот филм е во режија и по сценарио на Александар Донски и Виктор Донски. Историчарот Александар Донски денеска информираше дека преку архивски материјали, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Кирил Донски-витезот на Македонија“ е насловот на документарниот филм, кој вечерва во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе биде премиерно прикажан пред штипската публика. Документарниот филм е во режија и по сценарио на Александар Донски и Виктор Донски.

Историчарот Александар Донски денеска информираше дека преку архивски материјали, сведоштва и значајни моменти од животот на Кирил Донски, публиката ќе има можност да ја проследи неговата богата кариера. Станува збор за личност која оставила длабока трага во македонското општество и еден од најзаслужните граѓани во областа на пронајдоци и иновации. Донски бил партизан, борец, а својата работна кариера Кирил Донски ја завршил во 1987 година како универзитетски професор на Економскиот факултет во Штип. Највисокото признание за својата повеќе децениска творечка дејност Донски го добива во 1999, добивајки орден за заслуга од областа на пронаоѓаштвото и е прогласен за Витез на пронаоѓаштвото.