Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава

Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница, под менторство на д-р Игор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница, под менторство на д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за трауматологија од Скопје, ја изведе првата операција во болницата, втора во земјава, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент од Прилеп. Ова е зафат на ортопластика со вметнување имплант.

-Со директорот на прилепската болница направивме операција на лакотот. Тоа е еден од најсложените зглобови каде три коски се врзуваат меѓу себе. И, ако едната коска е скршена, во случајов тоа беше главата на радиус, а продолжува долу кон раката. Многу е битно таа скршеница да се замени, посебно кај младите пациенти, со имплант кој е со иста должина како скршеницата за да не се наруши анатомијата на раката, зашто по извесно време настануваат други проблеми во лакотот, дури и во рачниот зглоб, објасни асистент д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за трауматологија од Скопје.

Овие операции кај нас не се правени 20-ина години. Според Мерџаноски, ова е пример за децентрализација на оперативните зафати за пациентите да се лекуваат во својот град, а слухот од надлежните ќе овозможи едукација на младите лекари.

Реклама

-Оваа операција е втора во Македонија и е благодарение на Министерството за здравство кое имаше слух. Владата ги поддржува новите методи. Во минатите години имавме голем проблем за воведување и едукација на кадри и, со заминувањето во странство, за едукацијата на младите лекари. Имаме многу време загубено, но, еве, децентрализацијата значи сите пациенти да се лекуваат во своите градови, да не мора да патуваат и да се изложуваат на трошоци. Директорот на прилепската болница издејствува да му се донесат специјални импланти за ваков тип операција, како и импланти за болестите на ’рбетниот столб и се надевам дека ќе почнеме операциите да ги работиме од наредната недела, изјави Мерџаноски.

Во прилепската болница тимот на одделението е горд на зафатот и се очекува такви зафати да има почесто. Се очекува по една недела да почнат операции на ’рбетен столб.

Кире Јоноски, ортопед и директор на прилепската Општа болница, рече дека со ова сакале да почнат со нови процедури и децентрализација на медицинските процедури кои се вршеле во Скопје, а ги вршат во нивната болница.

-Тимот на ортопедското-трауматолошко одделение се надева дека со континуирана едукација и со применување нови методи во иднина ќе придонесеме што поголем број пациенти да бидат третирани во нашата болница. Најверојатно од следната недела ќе почнеме со операции на ’рбетен столб. Тоа ќе биде уште една новина, исто така под менторство на д-р Мерџаноски, за пациентите да не одат во Скопје, изјави Јоноски.