Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп започнаа активностите за нови сообраќајни решенија за поголема безбедност во сообраќајот

Рапидно зголемената густина на сообраќајот, хаосот од возила и долгите колони и чекања, особено во шпицните часови од денот, што условуваат и значително намалена сообраќајна безбедност, Општина Прилеп започна да ги решава. На дваесетина најкритични точки во градот се пристапи кон поставување „грби“ на улиците, или популарно наречените „легнати полицајци“, на што инсистираа и граѓаните. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рапидно зголемената густина на сообраќајот, хаосот од возила и долгите колони и чекања, особено во шпицните часови од денот, што условуваат и значително намалена сообраќајна безбедност, Општина Прилеп започна да ги решава.

На дваесетина најкритични точки во градот се пристапи кон поставување „грби“ на улиците, или популарно наречените „легнати полицајци“, на што инсистираа и граѓаните. Овој проект се спроведува преку Министерството за транспорт и е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка од Светска банка.

„Наш приоритет останува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со вакви конкретни инфраструктурни зафати создаваме побезбедна сообраќајна средина и услови за поквалитетно секојдневие во секоја населба во Општина Прилеп“, велат од ЛС.

Реклама

Дека Општина Прилеп има сериозни планови и конкретни проекти за средување на сообраќајниот хаос, градоначалникот Дејан Проданоски најави уште пред два месеци. Имено, ЛС, следејќи ги напорите на Владата за воведување ред во овој сегмент, веќе е во координација со Техничкиот факултет од Битола за изнаоѓање поцелисходни решенија за повеќе критични точки во градот. За оваа цел се прават и дронски снимања на неколку најфреквентни крстосници, со цел тие да станат што побезбедни и за возачите и за пешаците.

„Очекувам дека во 2027 година и Прилеп ќе стане побезбеден град со воведување на системите „Сејф сити“, кои во моментов ги има во неколку градови низ Македонија“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, Проектот за поврзување на локални патишта во државава е поддржан со вкупно 107 милиони евра заем од Развојната банка за финансирање инвестиции во инфраструктурата на општинските патишта и улици, вклучително и соодветно поврзани процеси на консултација и други подготвителни активности, за што се одвоени 70 милиони евра, како и Компонента за непредвидени итни реакции со 37 милиони евра. Според правилата, при реализацијата на овие проекти, граѓаните имаат право на жалби и поплаки до локалните самоуправи.