Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп започна четиридневната карневалска фешта „Прочка 2026“

25 години Карневал „Прочка“, еден век постоење на „Прилепските мечкари“. Карневалски Прилеп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

25 години Карневал „Прочка“, еден век постоење на „Прилепските мечкари“. Карневалски Прилеп, во знакот на овие два значајни јубилеи, но и во пресрет на празникот „Велики поклади“, традиционално ги започна годинашните карневалски денови, а кои ќе финишираат в понеделник. Со отворањето на тематската изложба на преку 500 рачно изработени маски и сурати од страна на прилепските ученици, и со доделување на вредните награди за најуспешните, Прилеп започна да пулсира во својот препознатлив карневалски дух, кој е успешен спој на традицијата и модерното.

„Има навистина многу убави маски и секоја година сѐ се поинтересни, затоа имаме и многу повеќе категории оваа година. Освен традиционални, избравме и најиновативни“ – рече Анита Јовеска, член на жири-комисијата.

„Мојата маска претставува ‘изгорено дрво’ претставено во човек. Пораката на оваа маска е да не биде ниту едно дрво пресечено и да бидат заштитени шумите… Користев природни материјали – дрво, сунѓер и сл.“ – изјави Димитар Седлоски, ученик и добитник на Гран-при наградата.

Реклама

Карневалот „Прочка 2026“ годинава го враќа и својот меѓународен карактер, така што на главното карневалско дефиле, кое ќе се случи в недела, маскирани гости ќе има и од неколку соседни земји. Тие, со своите маски, ќе дефилираат под стручното око на претседателот на Европската федерација на карневалски градови – ФЕКК, Ларс Алгел од Шведска.

„Очекуваме до в година дека би имале уште повеќе гости, уште повеќе маски од секаде во светот и уште поголема тежина на овој настан, заради годишнините кои што ги славиме – 100 години ‘Прилепски мечкари’ и 25 години Карневал ‘Прочка’ возобновен. Го имаме и претседателот на Европската федерација на карневалски градови, кој што в недела ќе биде присутен на овој карневал. Значи, комплетно го враќаме сјајот на она што значеше Карневал ‘Прочка’ во Прилеп. 2026 година ќе биде забележана во аналите и ќе имаме еден поразличен начин на претставување на овој карневал“ – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Утре на дефиле ќе се претстават најмладите маскирани учесници, а в недела точно напладне ќе се случи главното дефиле за возрасните и сите ќе бидат оценувани од стручно жири. За време на карневалските денови низ градот ќе дефилираат жонглери, кловнови, ќе настапуваат музички групи, а чаршијата и угостителските објекти ќе имаат и продолжено работно време. Годинава, по 10-годишна пауза, свој промотивен настап ќе има и возобновениот Градски дувачки оркестар.