Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп се одржа првата панел-дискусија на тема: „Магијата на знаењето – добриот наставник прво е пријател“

„Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Учениците кога ќе почувствуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Учениците кога ќе почувствуваат дека се слушнати, видени, разбрани и дека се верува во нивниот потенцијал, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок“. Ова денеска од Прилеп го порача министерката за образование, Весна Јаневска на Панел-дискусијата на тема: „Магијата на знаењето – добриот наставник прво е пријател“, чија цел е враќање на дигнитетот и авторитетот на наставниците.

     „Просветните работници се клучниот елемент за развојот на новите генерации, не само на индивидуите, туку и на целото општество…Но сакаме да допреме и до родителите за и тие да го разберат и да го промовираат значењето на наставникот, а да го намалат притисокот врз наставниците за одредени нивни индивидуални желби….Обезбедивме повисоки плати на наставниците, континуирано обезбедуваме подобри услови за работа, вложивме 67 милиони евра во инфратструктура, обезбедуваме нови современи технологии“, – потенцираше Весна Јаневска, министерка за образование.

   Времето на Короната и он-лајн наставата, неадекватните образовни реформи кои се преземаа во последните години, но и се’ позабрзаниот напредок на технологијата, си го зедоа својот данок и кај учениците, и кај наставниците. Затоа, потребно е сите чинители да се прилагодат на ова ново време, а  државата пак е должна на оние кои што си ја вршат својата работа да им овозможи услови и напредок, но и доедукација, бидејќи овој процес не е само образовен, туку е и воспитен, а во кој учествуваат и родителите.

Реклама

    „Денес сме тука собрани да одговориме на една друга димензија на образованието, бидејќи образованието е во склоп на воспитанието, кога во поширока смисла го разгледуваме воспитанието. Ние треба да направиме еден баланс помеѓу знаењето и восапитанието. Денес ќе разговараме за моралните, етичките вредности кои што ги поседуваат наставниците и кои што индиректно им ги пренесуваат на своите ученици“ – кажа Данче Сивакова – Нешковски, деканка на Педагошки факултет – Битола.

  „Ние треба да научиме дека со овие денешни генерации треба да воспоставиме понаков контакт отколку кога ние бевме ученици. Овие ученици се постојано пред социјалните мрежи и доколку ние не владееме во нивниот простор, тешко дека ќе можеме да им дадеме правилен совет“ – изјави Дејан Димоски, професор во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп.

  „Ова е време на предизвици, тоа не значи дека треба да се откажуваме, туку напротив, да го најдеме јазикот на кој што, нели, ќе водиме дијалог во името на создавање на добро општество. Имено, дека учителите, наставниците се оние кои што ги создаваат чинителите на општественото живеење“, – кажа Даниела Иваноска, актер и родител.

   Оваа кампања се спроведува под покриветлство и во организација на Министерството за образование и во неа учествуваат бројни просветни работници, но и родители.