Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. 

Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски почнуваат во кругот на прилепската касарна од каде  на 8 август 2001 година тргна воениот конвој кон Тетово кога кај месноста Карпалак беше пресретнат и во заседа беа убиени десетте воени резервисти.

Делегации вечер ќе ја посетат и спомен собата во кругот на Касарната, а цвеќиња вечер од 19 часот ќе бидат положени и пред споменикот на бранителите во селото Лениште кај Прилеп. Во манастирот „Света Петка“ во селото ќе се служи вечерна богослужба.

Реклама

Утре, изутрина, на денот на Сеќавањето, претставници на роднините на загинатите, од Општината ќе заминат на месноста Карпалак на патот Скопје-тетово кае ќе им биде оддадена почит на прилепските бранители. Ќе бидат посетени и нивните вечни почивалишта во Прилеп и во населените места.

Централното чествување на 25-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак ќе биде пред Споменичниот комплекс во центарот на Прилеп утре во 13 часот.