Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Во Прилеп по дваесетти јубилеен пат – Божиќен ручек за 500 деца од Македонија

Преку радосното биење на камбаните, околу 500 деца од цела Македонија, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку радосното биење на камбаните, околу 500 деца од цела Македонија, денеска го посведочија објавувањето на најторжествената вест за Рождеството на Богомладенецот Исус Христос. Традиционално, по дваесетти јубилеен пат, Прилеп беше домаќина на Божикниот ручек, кој од 2006-та година го организира Детската амбасада „За сите деца во светот“. На заедничката празнична трпеза седнаа деца од повеќе градови, од различни целни групи и различна вероисповед, промовирајќи ги: љубовта, еднаквоста, меѓусебната почит, толеранцијата и ненасилната комуникација.

Во духот на верата и традицијата, Божикниот ручек, годинава за прв пат го благослови Величкиот епископ Никола, а по претходно допуштение од надлежниот архијереј, митрополитот г. Петар.

Како што дојдовме денеска да се поклониме во храмовите на нашата Црква на Богомладенецот Христос, така на еден начин дојдовме и тука да се собереме и да се поклониме на чистотата, на убавината на детската  возраст – изјави г. Никола, Велички епископ.

Реклама

Прославата на Христовото раѓање и годинава се одбележува под мотото „Едно небо за сите деца“, велат организаторите, кои редовно – потпомогнати и од Општина Прилеп, уверуваат дека оваа нивна заложба ќе ја остават во наследство и на идните генерации.

Целта на овој настан е овие дечиња да не познаваат разлики меѓу нив, да има толеранција и другарството да расте“, – кажа Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на ДА „За сите деца во светот“.

Општина Прилеп продолжува да биде пионер во создавањето на нови традиции, ако може така да се каже, во оваа држава. Ја завршивме 2025 со јубилеј 20 години прослава на Патрониот празник „Св. Никола“ на град Прилеп, а ја почнуваме Новата 2026 година со уште една новосоздадена традиција20-ти пат Божикен ручек кој што го организира ДА „За сите деца во светот“, – посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Годинава, најпрестижното признание на овој настан – меѓународниот „Орден за носител на мирот“ и’ беше доделено на амбасадорката на сите деца во светот, Гордана Нацева.