Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп отворена „Музичка соба“ за младите талентирани музичари

Преку реални проекти до поуспешно спроведување на локалните младински политики. Креирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку реални проекти до поуспешно спроведување на локалните младински политики. Креирање на услови и можности согласно потребите и желбите на младите луѓе со крајна цел – нивно активно вклучување во целокупниот општествен и културен живот. Како прв чекор на институциите во Прилеп е отворањето на „Музичката соба“, наменета за младите талентирани музичари од градот каде ќе можат да ги јакнат своите музички таленти.

„Сметам дека ова е чекорот кој што требаше да го покажеме на крајот на оваа календарска година дека општина Прилеп, заедно со невладиниот сектор и со институциите кои што можат да бидат искористени да внимаваат за доброто битие на младите“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Во реализацијата на овој проект освен општината, вклучен е и Младинскиот совет, како и НУЦК „Марко Цепенков“, во чиј простор е сместена „Музичката соба“.

Реклама

„Идејата пристигна директно од младите. Во средби и разговори што е она што им треба, многу солидарно младите посочија – дајте да направиме нешто за младите музички бендови, бидејќи има во подем пет кои што се полупрофесионални и кои сите млади ги сакаат и ги следат каде што свират“, – кажа Зоран Илиески од Младински совет – Прилеп.

„Со пуштањето на „Музичката соба“ се обезбедуваат соодветни институционални услови за организирана и континуирана работа на младите во согласност со јавниот интерес“, – посочи Марија Јованоска – директор на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп.

 Обезбедувањето на овој простор, кој младите музичари бесплатно ќе можат да го користат најмалку во наредните пет години, наиде на силна поддршка кај нив.

„Сакам да кажам дека овој проект е добар изначаен за сите млади бендови млади кои се надежни во Прилеп, бидејќи сите го имаме истиот проблем – каде да вежбаме, кога да вежбаме, да не му пречиме некому“, – рече Михаил Грашкоски, тапанар во групата „Локдаун“.

„Овој простор мислам дека е добро место за слободно да се изразиме, да може да пробаме како што треба, да се чувствуваме послободни, поспремни во простор каде што можеби не му сметаме на другите“, – вели Ана Цветаноска, вокал во групата „Кнап“.

Инаку, ова е прва ваква „Музичка соба“ во земјава во која е обезбедена современа техничка опрема и соодветна звучна изолација.