Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп доделено возило за мобилна клиника наменето за подобра здравствена заштита на ромите

Амбулантно возило, комплетно опремено за транспорт, но и за сите основни здравствени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбулантно возило, комплетно опремено за транспорт, но и за сите основни здравствени прегледи кои ќе се спроведуваат во прилепската ромска населба „Тризла“ кај најзагрозените ромски семејства кои немаат пристап до здравството, од денеска и’ е ставено на располагање на оваа заедница. Возилото, кое е дел од Проектот од ЕУ „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во општина Прилеп“, а спроведен од ЦЕЛИМ од Милано, РРЦ – Скопје, општина Прилеп и од Рома Перспектив Прилеп, ќе биде во владение на прилепската Општа болница со проширена надлежност.

„Ќе го користиме за потребите на болницата, но исто така ќе го користиме и за извршување на прегледи во населбата „Тризла“ во договор со НВО ќе направиме некои скриниг испитувања на социјално загрозените пациенти. Проектот започна уште минатата година, недостигот на амбулантни возила го имаме, а голем дел се стари возила, и секако возилото е добредојдено“, –  изјави д-р Кире Јоноски, директор на ЈЗУ Општа болница – Прилеп.

„Со дореализацијата во мај оваа година 2025, максимално е исполнет овој проект. ЛС секогаш останува доследна за реализирање на сите барања и очекувања на нашите сограѓани, се’ со една цел – да имаат подобар економски и здравствен живот во нашата општина“, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.                                                       

Реклама

Една од основните активности на овој Проект е спроведување итни мерки за подобрување на здравствената заштита и услугите за домашна нега на ромското население што живее во населбата „Тризла“, а како одговор на претходниот повик за предлози до ЕУ во Македонија – „ЕУ за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија“.

„Она што е специфично е што ова возило не е само транспортно возило и не е Брза помош, туку ова возило е Мобилна клиника, со што, ние во договор со општината и болницата, договоривме еден план со кој ќе се овозможуваат основни здравствени прегледи на ромската зедница, најмалку двапати месечно, каде што тим од болницата кој ќе го формира, ќе оди редовно да спроведува основни здравствени прегледи во ромската заедница“, – рече Себихан Демировски, ген. менаџер на Ромскиот ресурсен центар од Скопје.                                                

Овој проект се имплементира веќе три  години и е во согласност со Акциската програма ИПА 2 2019 – ЕУ за инклузија, и треба да придонесе за реализација на приоритетите идентификувани уште во стратегија „Роми во Република Македонија 2014-2020“, а кои опфаќаат подобрување на условите за домување и услугите на заедницата за најранливите Роми кои живеат во Македонија.