Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Во организација на ДКЦ ќе се одржи Фестивал за класичен балет и модерен танц

Во организација  Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација  Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц.

Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакнува директорката Билјана Лалчевска Серафимовска, фестивалот претставува простор каде се среќаваат традицијата, современиот израз и младите таленти кои се иднината на македонската танцова сцена.

Организацискиот одбор на фестивалот едногласно одлучи престижната награда за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ оваа година да ѝ биде доделена на Зоица Пуровска Велевска, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на балетската уметност, нагласува Маја Каревски која се јавува и како уметнички директор на фестивалот.

Реклама

Како што информираат од ДКЦ, исто така награда „Ѓорѓи Македонски“ се доделува на талентираниот млад танчер Лука Ѓорѓиевски за неговата креативност, труд, уметнички потенцијал, посветеност и достигнувања во областа на танцовата уметност.

Во рамки на шестото издание ќе бидат реализирани две фестивалски вечери и две работилници посветени на класичниот балет и модерниот танц. Публиката ќе има можност да проследи настапи на извонредни и талентирани танчери, балерини и уметници, кои преку својата уметност ја продолжуваат и збогатуваат македонската танцова сцена.

Гости на фестивалот ќе бидат солистите Наташа Трендафилова Гицев и Baláz Lőcsei од нашатаНационална опера и балет, Националниот балет на Косово, учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, гости од Istanbul Junior Ballet, како и Денс студио Мак од Куманово, балетскотостудио Балерина, како и членовите на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош од Скопје.

Фестивалот за класичен балет и модерен танц се реализира со поддршка на Град Скопје.