Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во општина Могила во вториот круг ќе „трчаат“ Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ и независниот Сашо Пивковски

Малата рурална општина Могила, останува во „игра“ и во вториот круг за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малата рурална општина Могила, останува во „игра“ и во вториот круг за избор на прв човек на ЛС. Со предност од 409 гласа во првиот круг, актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за својот втор мандат ќе се бори против независниот Сашо Пивковски, кој пак, според обвинувањата на Саботковски, во градоначалничката трка влегол со „товар“ на Кривична пријава за „дивоградба“ за што е предвидена и затворска казна од 3 до 8 години.

   „Тој дел со Кривичната, ќе го оставиме на судството да го сработи, бидејќи една од работите со кои треба да се занимава општина Могила е токму правниот дел, дивоградбите да ги спречиме. Или секој кој сака да гради – да си плати одредени комуналии, и мислам дека тука – она што треба да го работи градоначалникот, тука прекршен е законот од еден од кандидатите“, – појасни Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. (16.10.2025)

   Саботковски вели дека во вториот круг нему ќе му недостигаат само 29 гласа за да се заокружи постигнатата победа од првиот круг, бидејќи како што уверува – народот ја препознал вистинската работа, искрената визија и доказите на терен. „Во вториот куг ќе го потврдиме ова водство за модерна, развиена и обединета Општина Могила“, напиша Саботковски на фб.

Реклама

   Наспроти Саботковски, е независниот кандидат Сашо Пивковски, кој во првиот круг освои 1253 гласови, однсоно 37,07% од вкупното гласачко тело, или за 12,1% помалку од првопласираниот. Пивковски смета дека влегувањето во вториот круг јасно покажало дека сега било времето кога не треба да се подлегнува на поткупите, на заканите, на притисоците и на сите неправди, туку обединети, со главата горе, да се извојува престојната победа, пишува на својот фб-профил Сашо Пивковски. Додека по однос на Кривичната пријава, и тој остава случајот да го решава Судот.

    „Општина Могила е земјоделска општина и на тој начин сите оние потреби на земјоделците јас сакам да ги преточам да бидат во служба на сите граѓани на општина Могила, особено на земјоделците…Инволвирано е целото мое семејство за таа Кривична пријава, се води судска постапка и не сакам да ги коментирам судските постапки кои се во тек“, – рече Сашо Пивковски, независен кандидат за градоначалник на Могила.(16.10.2025)

  Инаку, во првиот изборен круг, во општина Могила, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата освоија 5 советнички мандати, СДСМ – 1, ЛДП-1, Група избирачи Кире Автаровски – 2, Група избирачи Златко Шурбевски – 1 и Група избирачи Боби Бошевски – 1 мандат. Истовремено, Могила е една од општините со најголема излезност во првиот круг од дури 69,04%. Вкупното гласачко тело брои 4.671 гласач. Имаше тројца кандидати за градоначалник и 8 советнички листи. Во првиот круг, кандидатот на СДСМ, Зоран Ристевски освои само 351 глас со што беше третопласиран.