Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Прилеп гласа на осмите локални избори

По речиси осум часа од почетокот на гласањето, прилепчани достоинствено и демократски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси осум часа од почетокот на гласањето, прилепчани достоинствено и демократски продолжуваат да го даваат својот глас за еден од деветте кандидати за градоначалник и за едната советничката листа од вкупно 10-те, а кои според нив, се најблиску до нивните очекувања за поразвиен Прилеп. Излезноста до 13 часот е 21,7%, со тенденција за зголемен интензитет во попладневните часови. Од ОИК велат дека досега не се евидентирани никакви нарушувања на изборниот процес, исто како и во текот на вчерашниот ден кога гласаа болните, затворениците и старите и изнемоштени лица.

„Од 298  прифатени барања од страна на ОИК Прилеп за гласање на болни и изнемоштени лица, 298 барања беа профатени, а гласаа 283 лица…Во затвор Прилеп од 110 гласачи на избирачкиот список во Затвор Прилеп, правото на глас го остварија 92 гласачи, а во Старскиот дом Прилеп од 60 гласачи, правото на глас го оставрија 50 гласачи. Немаше никакви приговори во вчерашниот ден.Сите податоци се сублимирани и со доставени до ОИК ширум Македонија, бидејќи во затворот и во Старскиот дом има сместено лица од цела Македонија“, – изјави Александар Мирчески, член на ОИК Прилеп.

  И членовите на избирачките места кои ги посетивме, задоволни се од текот на изборниот процес. Споредено со претходните избори, велат, и овие локални избори се одвиваат речиси со еднакво гласачко темпо.

Реклама

„Гласањето се одвива нормално, без никакви проблеми. Излезноста во моментов е околу 10 проценти, а во ова ИМ се регистрирани 770 гласачи, така што верувам дека цел ден ќе помине во оваа мирна, демократска атмосфера каде што луѓето ќе можат да го дадат својот глас за кандидатот за кој би одлучиле. Излезеноста отприлика е иста, значи очекубваме да биде поинтензивно во следниот период и дека излезонста ќе биде задоволителна, а овие избори успешни“, кажа Панче Дамески, член на Избирачки одбор од ИМ 1380/1.

Граѓаните пак, со силни очекувања од новата локална гарнитура која што треба дојде на власт. Велат, Прилеп е убав, ама во него имало уште многу посветена работа, доколку сакаме градот да ни блесне во сиот свој полн сјај.

Колку за потсетување, во општина Прилеп, право на глас имаат 62.053 граѓани што споредено со изборите од 2021 година, Избирачкиот список е намален за 2.510 гласови. Тогаш, прилепчани гласали за пет кандидати за градоначалник и за 8 советнички листи.