Реклама
Македонија

Во Нови Пазар приведен државјанин на Македонија осомничен дека крадел пари од џамии

– Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.

Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.

Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир.