Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

Се зголемува бројот на мажи со карцином на простата во истокот, најмладиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се зголемува бројот на мажи со карцином на простата во истокот, најмладиот пациент има само 36 години. Лекарите алармираат, болеста се почесто се појавува и кај помладата популација. Урологот во Клиничка болница-Штип, Венцо Шопов вели дека раното откривање е важно, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум може целосно да се излечи. По повод месецот на машкото здравје, во болницата се организираат бесплатни прегледи и скрининг на пациенти. Апелот на докторите е јасен, редовните контроли спасуваат животи.

-Бројот на пациенти е постојано во пораст како дијагноза карцином на простата, а ние во последно време, бидејќи месец ноември е месец на машкото здравје, правиме скринизи. Ги правиме преку целата година, но овој месец ќе имаат бесплатни прегледи, за да порано се дијагностицира некои од промените кои доведуваат до рак на простата, бидејќи ракот на простата во почетен стадиум, можеме скрос да го излечеме со оперативно лекување. Еден од карциномите каде што медицината има влијание голема. Најмладиот пациент го имаме оперирано 36 години, пред шест години. Го пронајдовме случајно преку исптиување на туморски маркери за простата и кај момчето се покажа. Потоа направивме биопсија и испадна дека е карцином и го опериравме. Целата простата се изваде, изјави Шопов.

Новиот начин на живот, стресот, нервозата, пообилната масна исхрана, пушењето цигари, конзумирање алкохол се само дел од причините поради кои простата се јавува и кај помладата популација.

Реклама

-Aпелот е да имаат секојдневна физичка активност, дали тоа e пешачење или тренинг, вели Шопов.

Лекарите апелираат мажите над 50 годишна возраст да имаат  редовни контроли.