Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Во Македонска Каменица презентиран проектот „Енергетско ефикасни домови“

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска се одржа првата презентација на проектот „Енергетско ефикасни домови“, што општината го реализира во партнерство со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“. Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, со проектот започнува процес насочен кон подобрување на условите за домување, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска се одржа првата презентација на проектот „Енергетско ефикасни домови“, што општината го реализира во партнерство со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“.

Како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, со проектот започнува процес насочен кон подобрување на условите за домување, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за енергија за граѓаните.

– Во првата фаза ќе бидат опфатени колективните станбени објекти, а нашата цел е во следниот период поддршката да ја прошириме и кон индивидуалните домови – изјави Стаменкова.

Реклама

Таа потенцираше дека за реализација на проектот ќе бидат обезбедени рекордни средства на државно ниво, наменети за реконструкција на кровни конструкции и изградба на енергетски ефикасни фасади на станбените објекти во општината.

Според неа, инвестициите во енергетската ефикасност претставуваат вложување во иднината, преку подобрување на квалитетот на живот, намалување на трошоците за домаќинствата и создавање почиста животна средина.

Од Општина Македонска Каменица најавуваат дека ќе продолжат со реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат за унапредување на условите за живеење.