Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Во Куманово одржана панел-дискусија „Магичниот пресврт“ – фокусот од оценки кон вистинско знаење

„Магичниот пресврт – Што научи?‘ или Што доби?“ беше темата на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Магичниот пресврт – Што научи?‘ или Што доби?“ беше темата на денешната панел-дискусија што се одржа во Куманово, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука. Панелистите зборуваа за важноста оценките да не се доживуваат како крајна и единствена цел, туку како алатка што го следи и охрабрува напредокот на учениците.

Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска истакна дека новото време бара нови начини на учење и оценување, кои го поттикнуваат вистинското знаење, креативноста и личниот развој на секое дете.

– Образованието мора да се движи напред со духот на времето. Наместо да се фокусираме само на бројките во дневникот, треба да се фокусираме на тоа што ученикот навистина научил, што разбрал и како го применува тоа знаење. Нашата цел е надградба и зајакнување на системот кој го вреднува трудот, напредокот и љубопитноста, затоа што тие се темелот на квалитетното образование и на иднината на нашето општество, изјави Ивановска.

Реклама

Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието, нагласи дека наставниците се клучниот двигател на секоја позитивна промена во училиштата и додаде дека ваквите дискусии ја поттикнуваат размената на мислења и искуства кои можат да помогнат наставниците подобро да го препознаат потенцијалот на секое дете.

На панел-дискусијата учествуваше и директорот на СОУ „Сами Фрашери“ – Куманово, Нагри Реџепи, кој нагласи дека во училиштата не треба фокусот да биде само на високите оценки, туку на индивидуалниот напредок на секој ученик. Според одделенската наставничка Хилда Димитриевска од ООУ „Крсте Мисирков“, поддршката и охрабрувањето се подеднакво важни како и самата оценка, а наставничката Даниела Стојановска од ООУ „Христијан Карпош“ се осврна на потребата училиштето да создава средина во која учениците слободно размислуваат, поставуваат прашања и развиваат критичко мислење, бидејќи токму тоа води кон вистинско и трајно знаење.

Иван Нацевски, родител на ученик, истакна дека родителите имаат значајна улога во тоа како децата го доживуваат процесот на оценување и нагласи дека кога се гради доверба и поддршка, оценката станува поттик за подобри резултати, а не причина за притисок.

Настанот е дел од серијата панел-дискусии што се организираат во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, чија цел е да ја истакне улогата на наставниците во современото образование и нивниот придонес во развојот на учениците и заедницата.