Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Доколку  во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку  во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и нема да заминат додека не добијат соодветна информација.

Како што нагласија во своето обраќање, што пред Судот и Обвинителството во Кочани го прочита Александар Наунов, татко на починато девојче, тие два месеци чекаат одговор од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје за тоа дали се направени токсиколошки анализи за присуство на цијанид или сродни токсични соединенија кај нивните починати деца.

-На 14 јануари 2026 година, ЗГ  „16-ти Март 2025“ – Кочани официјално достави барање до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет – УКИМ Скопје, со едно единствено барање – вистината. Побаравме јасен и недвосмислен одговор: – дали Институтот бил вклучен во токсиколошките анализи, – дали било испитувано присуство на цијаниди или сродни токсични соединенија, – и доколку такви анализи не биле извршени, тоа јасно да биде наведено. Од тоа барање поминаа веќе два месеци, а до денес немаме никаков одговор. Дополнително, уште пред четири месеци побаравме итна средба со претставници од Судска медицина. Наместо конкретни одговори, добивме само колективна средба со директорот на Судска медицина, на која ни беше кажано дека дополнително ќе бидеме повикани и детално ќе ни биде се објаснето. Од тогаш — повторно целосен молк. И ова не е првпат јавно да го поставуваме ова прашање. И минатата недела, на маршот, јавно го поставивме истото прашање пред институциите и пред јавноста. Но и по тоа — повторно никаков одговор, рече Александар Наунов.

Реклама

 До денеска, според претседателот на ЗГ „16 март 2026 Кочани“, Александар Наунов, повеќе од една година подоцна, тие сè уште немаат целосен одговор иако во меѓувреме  добиле решение од Природно-математичкиот факултет – Скопје во кое било потврдено дека по наредба на кочанското обвинителство бил изготвен вешт наод и мислење поврзано со предметот, но без одговор дали е испитуван цијанид и што покажуваат анализите. ПМФ ги упатува кон ОЈО Кочани и Судска медицина од каде „добиле само молк“.

-Ова е неприфатливо криење на информации за семејствата кои имаат право на вистината. Бараме одговор, вистина и достоинство, истакна Наунов.

Четириесетиот „Марш за ангелите“ и денеска започна од „Паркот на Револуцијата“. Луѓето поминаа низ Трговскиот центар, кратко се задржаа пред УЈП и Полициската станица.

Наунов своето обраќање го имаше пред Судот и Обвинителство, по што маршот заврши каде што и почна – во „Паркот на Револуцијата“.