Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Во Кинотека филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од неговото раѓање

Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот.

Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на полето на филмската уметност.

Куратор на програмата е филмологот советник во Кинотеката, вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, кој на отворањето ќе има воведен збор, а извадоци од есеистичкото творештво на Анте Поповски ќе интерпретира актерката Софија Гогова Врчаковска.

Реклама

Вечерва на роденденот на поетот, во 19 часот ќе бидат проектирани првиот македонски кандидат за „Оскар“, документарниот филм „Дае“ од 1979 година на режисерот Столе Попов и играниот филм „Планината на гневот“ од 1968 година, на Љубиша Георгиевски, обата работени по сценарија на Анте Поповски.

На 4 јуни во 19 часот ќе бидат прикажани кусометражните документарни филмови „Кој век минува надвор деца“ (1975) на Љубиша Георгиевски, „Џафра“ (1978) на Кирил Ценевски и „Врати на бескрајот“ (1982) на Владимир Блажевски, сите по сценарија на Анте Поповски.

На 5 јуни во 20.30 часот во летното кино на Кинотеката ќе бидат прикажани долгометражните играни филмови „Време, води“ (1980) на Бранко Гапо и „Црвениот коњ“ (1981) на Столе Попов, во кои Анте Поповски се јавува како продуцент односно тогашен директор на продуцентската куќа „Вардар филм“.

Филмскиот омаж завршува во сабота, на 6 јуни во 19 ч., со поекција на портретите на венцоносците на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ – „Рафаел Алберти“ (1979) и „Ежен Гилвик“ (1979), како и документарниот филм „Мостови – Струшки вечери на поезијата“ (1982), сите три во режија на Кирил Ценевски, а по сценарија на Анте Поповски.