Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Во Кавадарци 25. собир на претставници на организации на Македонци од повеќе земји

Во Кавадарци денеска се реализира 25. семакедонски собир на претставници на организации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кавадарци денеска се реализира 25. семакедонски собир на претставници на организации на Македонци од повеќе земји на Балканот.

– На денот кога одбележуваме 154 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, се собираме сите Македонци и разговараме околу остварувањето на правата што ги имаат Македонците во различни земји. До пред неколку години, ваков собир се организираше во Прилеп. Од пред четири години, почнавме да се среќаваме и во други градови, појасни Борис Темоски, од Граѓанска иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ,  „Нѐ – има“, со седиште во Прилеп.

Темоски упати благодарност до организацијата на настанот и до локалната самоуправа.

Реклама

Притоа, подвлече дека ваквите средби се добри и за продлабочување на соработката, во различни сегменти.

На агендата се излагања на претставници на македонските организации од соседните земји за степенот на остварување на нивните национални права, како и тематска конференција „Тиквешкото востание како континуитетот на македонската борба за слобода и независност“.

Утре, предвидени се полагање цвеќе на бистите на дванаесетте стрелани младинци во Ваташа и посета на Музејот на виното во Кавадарци.