Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Судски совет: Формирана е тричлена комисија која ќе ги „чешла“ предметите за Васил Јованов

Судскиот совет ќе ја чешла пресудата на Кривичниот суд и постапката која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет ќе ја чешла пресудата на Кривичниот суд и постапката која во моментов е во скопска Апелација за возачот Васил Јованов кој ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова. Формирана е три-члена комисија која ќе  ја разгледува одлуката на судијката Даниела Алексовска Стојановска, осудениот Јованов за трговија со дрога да го испрати во поправен дом. Претседателот на Судскиот Совет Александар Камбовски најави дека комисијата ќе маправи увид во предметот, без притоа да се врши каков било притисок врз апелационите судии.

  • „Треба внимателно да постапува комисијата, да не створи притисок врз апелационите судови бидејќи тие нормално треба да одлучат по таа првостепена пресуда. Ако е добра ќе ја потврдат. Ако сметаат дека не е во ред, дека постојат одредени повреди на постапката, ќе ја укинат или можеби ќе ја преиначат. Затоа треба комисијата внимателно да изврши увид и откако ќе заврши со увидот, ќе направи свој извештај. Ќе се постапува паралелно. Меѓутоа, убаво би било да внимаваме бидејќи не сакаме да почувствува Апелациониот суд некаков притисок од наша страна. Доволен  е притисокот што веќе го има од јавноста врз тој суд,“ истакна Камбовски, по седницата на Судскиот совет. 

Граѓаните преку протести, бурно реагираа на одлуката на скопскиот Кривичен за Јованов, за продажбата на марихуана и таблети, наместо во затвор, да оди во поправен дом. Од судот пак застанаа зад одлуката на судијката Алексовска Стојановска, за која тврдат дека била донесена согласно законските одредби и при нејзиното носење го ценела предложеното од јавниот обвинител, односно да биде изречена најдобрата санкција со која ќе му се влијае на Јованов да сфати дека направил кривично дело, а во полза на ваквата одлука бил земен предвид фактот дека бил млад и неосудуван и потекнувал од современо семејство.

Здружението на судии повика да се нема јавна осуда за судијката Алексовска Стојановска, затоа што се уште не е утврдена нејзината лична и професионална одговорност.

Реклама

Инаку, кога предметот на Јованов за трговија со дрога стигнал пред Алелациониот суд, вишиот обвинител побарал – мерката поправен дом, да му биде заменета со ефективен затвор, но одлука се уште нема.

За претходната сообраќајка која ја предизвикал, Јованов добил прекршочна од МВР, а со одобрение на тогаш оштетената, се спогодил да плати казна од 300 евра. За тоа дело обвинителите не поднеле обвинителен акт до судот. Шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски, тврди дека дури и да поднеле обвинение, Јованов повторно би поминал со парична казна, бидејќи таква била казнената политика.