Злоупотреба на службената положба и даночно затајување се кривичните дела кои граѓани најчесто ги пријавуваат во Финансиската полиција. Опишуваат како се правел криминалот, како им барале мито или корупција, сомнителни трансакции доставуваат пријава до финансиските инспектори. Во последните пет месеци имало дури 147 пријави, а по сите веќе се постапува, вели директорот Слободан Ивановски во изјава за Алфа. Сите предмети ги третираме подеднакво, тврди тој, но дообјаснува и дека во иднина предметите со поголема финансиска штета ќе имаат приоритет.
- „За овој период од пет месеци додека јас сум директорот на Финансиската полиција, пристигнати се 147 пријави од граѓани и по истите се постапува. Сакам да нагласам дека во следниот период ќе дадеме приоритет на големи предмети, односно за мене тие се предмети со тешки кривични дела и големи износи“ вели во изјава за Алфа, Слободан Ивановски – Директор на Управа за финансиска полиција.
Финансиска до Обвинителството има поднесено над 20 кривични пријави за периодот додека Ивановски е директор и за нив сега на потег се обвинителите.
- „Претходно не воделе таква статистика, во некои не известувало во некои не. Сега сме во тек на изградба таков систем, да не известува ОЈО и да имаме увид, до каде сме нашите постапки. Во овој период додека јас сум на чело на Финансиската полиција, поднесени се 22 кривични пријави, кои што во себе вклучуваат штета од 620 милиони денари на буџетот на државата. Вкупно се поднесени 34 пријави. Вкупната штета на сите кривични пријави 34, е 920 милиони денари“ вели директорот на Финансиската полиција.
Досега нема статистика за колку од поднесените кривични пријави од Финансиска биле отворени истраги во обвинителството, стигнале до суд со обвинител акт или пак веќе има правосилна пресуда.

- „Од овој апсект не би ја генерализирал состојбата во делот на соработката со Обвинителството, ние секогаш вршиме консултации со Обвинителството. Некаде наидуваме на разбирање, некаде не, но генерално можам да кажам дека е рано да зборуваме во тој дел, затоа што ние предистражната постапка ја водиме во Финансиската полиција. Кога ќе имаме доволни аргументи и докази за одреден случај поднесуваме соодветен поднесок до ЈО односно кривична пријава и обвинителот носи јавно обвинителска одлука и треба да видиме дали тој предмет би го процесуирал и би завршил до правосилна судска пресуда. Во тој момент би можеле да кажаме каква е соработката и дали има доволно процесиурани и се завршени со правосилна пресуда“ вели Ивановски.
Управата за финансиска полиција е составен дел на Правосудната полиција како орган за кривичен прогон на организираниот криминал и злосторничко здружување, проневера и злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, перење пари, криумчарење, недозволена трговија како и измама. Во моментот Финансиска располага со 30 инспектори што е недоволно да се влезе во костец со криминалот, побарано е зголемување а Министерството за финансии веќе ги одобриле.
