Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Довербата во правосудството не може да се врати со „вечните“ кадри

Екс претседателката на Судски совет Весна Дамева, заспаниот државен обвинител Љупчо Коцевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс претседателката на Судски совет Весна Дамева, заспаниот државен обвинител Љупчо Коцевски, шефот на Организиран криминал Ислам Абази и многу други челници на судството и покрај сите критики, месеци наназад не ја вратија довербата на народот во системот.

Се бара решение, како граѓаните да почнат да му веруваат на судството.

Чистка на кадрите во судството, нови закони, ветинг на судиите и обвинителите или реформи што ќе ги спроведуваат сегашните функционери на третата власт.

Реклама

Правната фела со различни толкувања за начинот како да се врати довербата на граѓаните во судството што власта на двоецот СДСМ и ДУИ успеа да ја доведе на ниво на статистичка грешка. Дел од правниците сметаа дека треба да се исече прво главата односно да се укине Судски совет или да се направи чистка во овој и во Обвинителскиот совет. 

Според адвокатот Сашко Дуковски, никакви реформи нема да го закрепнат кревскиот судски систем , ако функционерите си ги задржат фотелјите.

Хартијата трпи се, тешко ќе оди имплементацијата. Ваква оценка дава адвокатот Јанаки Митровски кој прашањето како да се врати доевербата на нардот го оценува како прашање од милион долари. Изминативе години сме виделе челници на судскиот систем, кои се истурени партиски играчи, а ако тоа не го решиме никогаш нема да одиме напред, појаснува адвокат.

Власта месеци наназад бара начини и решенија за трулото судство кое Европската комисија го критикува во сите извештаи. Претставниците на меѓународната заедница побараа реформи според извештајот на Оценската мисија којашто влезе во Судскиот совет откако членовите на Советот со месеци носеа скандалозни одлуки. Засега јавноста се уште не ги виде препораките на со кои треба да се стави ред.

По ова Министерството за правда организираше дебати на кои професионалци треба да ги скројат идните реформи и новиот Закон за судски совет.

И покрај заложбите на Владата, неизвесно е како граѓаните повторно ќе почнат да му веруваат на Судот и на Обвинителството, ако истите луѓе си ги задржат фотелјите.