Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

„Во фокус“: Иако законот дозволува, Управата за извршување санкции барем засега не дозволува снимање на осудените од 27 април

Каков е затворскиот живот на осудените за настаните од 27 април? Какви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каков е затворскиот живот на осудените за настаните од 27 април? Какви се условите во затворските ќелии? Како минува нивното секојдневие? Ова се само дел од прашањата на кој Алфа Телевизија сакаше да добие одговор, поради што официјално побаравме да ги снимиме сите 17 осудени за влезот во Собранието.

Според Членот 202 став 2 од Законот за извршување санкции снимање на осудени лица во затворите е дозволено доколку директорот на Управата го одобри тоа, но и по 10-тина дена се уште немаме одговор на ниту едно 17-те барања на Телевизија Алфа за снимање во затворите во Штип, Прилеп, Идризово и Шутка.

-Директорот на Управата може да одобри посета на претставници на средствата за јавно информирање, се вели во член 202 став 2 од Законот за извршуваме санкции.

Реклама

Снимањето може да се изврши доколку тоа биде одобрено од осудените, а најголем дел од нив имаат желба во јавност да излезе нивната страна на приказната, поради тоа Алфа пушти за секој осуденик посебно барање.

-Директорот на Управата може да одобри фотографирање и снимање на објекти на казнено- поправната установа и воспитно- поправна установа. Вработените, како и осудените лица во казнено- поправните установи можат да се фотографираат само со нивна согласност, се вели во Законот за извршување санкции член 202 став 6.

Околу судбината која секојдневно ја живеат веќе пет години осудените за овој настан, не се знае речиси ништо, освен писма од затвор кои може на една рака да се избројат. Последното од Јане Ченто во февруари годинава. Таму тој повикува на помош од сите граѓани за правдата конечно да дојде.

-Ставете сега дека некој ваш го доживува ова што јас и другите го трпиме 5 години. Ставете се за секунда ако не можете повеќе видите како е…. И до кога. Ние чекаме уште нели. Се бориме од затвор против окупаторите, предавниците. Ќе станете ли конечно да се изборите за нашата правда бе другари? Како држава, партии во Собрание има многу, има механизми да се среди се ова. Ние не бараме преку леб погача, бараме правда и фер судење, порача Јане Ченто.

Ова не е прв пат Алфа да остане без одговор на барање за снимање на затвореник, истиот случај претходно беше кога побаравме да снимиме и Бојан Јовановски. Тогаш редакцијата доби дозвола и од адвокатскиот тим на Боки 13, но тоа беше недоволно. Денеска повторно прашавме кога ќе ни одговорат на барањата за снимање на осудените, но одговор се уште не добивме.

Матеја Петровски