Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Балкан

Во ЕУ во пренатрупани домаќинства живеат 16,9 отсто од луѓето, во регионот сме со најмала пренаселеност

Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто, соопшти Европската статистичка агеција – Евростат.

Според Евростат, стапката на пренаселени домаќинства е значително повисока во Западниот Балкан, при што најниска е во земјава и изнесува 38,1 отсто.

Во Србија во пренаселени домаќинства живеат 46,6 проценти од граѓаните, во Албанија 57,1 а во Црна Гора дури 61,6 отсто. За Босна и Херцеговина и Косово нема податоци.

Реклама

Повисока стапка на пренаселеност на домаќинства од 30 отсто се бележи и во пет земји членки на ЕУ, при што таа е највисока во Романија и изнесува 40,7 проценти, по што следуваат Летонија со 39,3, Бугарија со 33,8, Полска со 33,7 и Хрватска со 31,7 отсто.

Од друга страна, најниски стапки на пренатрупаност на домаќинствата од 2,4 проценти има на Кипар, по што следуваат Малта со 4,4, Холандија со 4,6, Ирска со 5,0 и Белгија со 6,5 отсто.

Во Шпанија таа стапка изнесува 9,1 проценти, во Франција 11,5, во Германија 10,4, во Унгарија 14,6, во Италија 23,9, а во Грција 27 отсто.

Според дефиницијата на Евростат, за едно лице се смета дека живее во пренаселено домаќинство, ако тоа домаќинството има само една соба, ако самец на возраст од најмалку 18 години живее во една соба или ако семејство има само по една соба на двојка или на две деца на возраст до 17 годин