Реклама

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Македонија

​ Во духот на солидарноста и заедништвото, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го честита Курбан Бајрам

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска беше гостин во семејството Јетиш. Во топла, пријателска и празнична атмосфера, таа им го честиташе празникот и им посака здравје и бериќет, негувајќи ги традициите на меѓусебно почитување и соживот меѓу сограѓаните, информираат од Општина Кисела Вода. 

Како што потенцираат оттаму, бидејќи вистинската суштина на овој празник лежи во солидарноста и грижата за луѓето околу нас, денот бил искористен да им се подаде рака и на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Со искрена желба празничната радост да стигне до секој дом и ниту еден сограѓанин да не ја почувствува тежината на немаштијата во овие празнични денови, нагласуваат од Општина Кисела Вода, градоначалничката посетила повеќе социјално загрозени семејства кои го одбележуваат празникот и им поделила хуманитарни пакети со намирници.-Курбан Бајрам е празник кој нè учи на хуманост, почит и меѓусебно помагање. Радоста на празникот е вистинска само кога е споделена. Мојата искрена желба и заложба е никој да не се почувствува осамен или заборавен. Затоа денеска сме тука, да подадеме рака и да придонесеме за една достоинствена празнична трпеза за нашите сограѓани на кои им е најпотребно. Како локална самоуправа остануваме посветени на градењето заедница во која владее заедништвото и во која секој ја има нашата поддршка- истакнала градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.