Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Во Делчево отворена изложбата „Куќата на порцеланот“ од Филип Фидановски

 Во фоајето на Спомен дом „АСНОМ“ во Делчево беше отворена изложбата „Куќата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Во фоајето на Спомен дом „АСНОМ“ во Делчево беше отворена изложбата „Куќата на порцеланот“ од керамичарот Филип Фидановски.

Преку повеќе порцелански скулптури, уметникот создава поетски и визуелен универзум инспириран од меморијата на фабриката „Југопорцелан“ – Титов Велес. Делата претставуваат спој на уметност, меморија и индустриско наследство, при што порцеланот се претвора во приказна, симбол и емоција.

Кустосот на изложбата, Јасминка Намичева, истакна дека дел од поставката е инспириран од оригинални предмети кои се изработувале во фабриката за порцелан во Титово Велес во текот на 50-тите и 60-тите години.

Реклама

– Градени се делови од оригиналните предмети кои биле изработувани во тоа време. Посетителите ќе забележат импровизирани елементи, како форми што асоцираат на глави, кои се дел од уметничката поставка – посочи Намичева.

Според стручниот соработник за ликовна и визуелна уметност во Центарот за култура, Александар Белогаски, изложбата е значаен културен настан за Делчево и можност публиката да се запознае со современи уметнички пристапи во керамиката.

– Навистина ни е драго што во Делчево имаме можност да претставиме една ваква изложба. Таа носи поинаков пристап кон керамиката и ја збогатува културната понуда на нашиот град, а за посетителите претставува можност да се запознаат со специфичен уметнички израз – истакна Белогаски.

Авторот на изложбата нагласи дека делата се резултат на подолготрајно истражување и обид преку керамиката да се поврзат традицијата и современиот уметнички израз.

– Драго ми е што сум во Делчево. Многу пати сум слушал за овој град и конечно имам можност да бидам гостин во Домот на културата со една моја изложба. Оваа изложба е резултат на подолго истражување, во кое преку керамиката се обидуваме да направиме спој меѓу традицијата и современиот уметнички израз – истакна Фидановски.

Изложбата која е дел од проектот „Музеум линк“ ќе биде достапна за посетителите во наредниот период, овозможувајќи им на љубителите на уметноста одблиску да се запознаат со уникатниот визуелен свет создаден од порцелан.