Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Во црковниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис, одбележан храмовиот патрон празник и Денот на сесловенските просветители

     „Токму Светите браќа Кирил и Методиј се оние најзаслужните не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     „Токму Светите браќа Кирил и Методиј се оние најзаслужните не само за православието на словенските народи, а чиј број денес изнесува повеќе од 80 насто од вкупното население, туку и за нивната писменост. Оттука, и нашата празнична радост е уште поголема што овие свети просветители потекнуваат токму од овие наши простори“, – истакна митроплитотот г. Петар, по повод днешниот празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Во таа чест, на Божествената света литургија во прилепскиот црковен храм „Св. Кирил и Методиј“, тој утринава, сослужуваше заедно со српскиот митрополит, владиката Австралиски и Новозеландски, Силуан, што овде не се случило со децении.

  „Пораката е силна. Имено, сепак од сите православни народи на Балканот, ние сме најблиските народи. Тоа не го кажувам јас, анкетите го кажуваат дека повеќе од 95 посто од Македонците кажуваат дека најблизок народ ни е српскиот народ, наспроти некои соседи, исто православни, па дури и од нашиот род, кои не не’ признаваат. Пораката е дека и СПЦ се заложува, а покажа и на дело, со признавањето на нашата Црква како автокефална и доделувањето на Томос“ – изјави г. Петар, митрополит. 

  „Ова е голем празник за словенските народи, ова еголема радост за нашите две помесни цркви, за СПЦ и за МПЦ, и верувам за нашите двата братски народи, за сите нас Словени, бидејќи овие просветители и всушност нам, на наш јазик, ни приближиле Вистината Христова, која суштински е најважната порака и најважната информација која човекот треба да ја прими на Земјата“, – рече владиката Силуан од СПЦ.  

Реклама

   Во рамките на денешните чествувања, во црковниот двор, по втор пат, се одржа и пригодна програма со рецитали и изложба од цртежи на прилепски ученици, како дел од едномесечните активности насловени како „Денови на Св. Кирил и Методиј“, а во организација на Здружението „Креативни концепти“ со поддршка од Општина Прилеп.

  „Овој проект има за цел се’ повеќе младите да се запознаат со ликот и делото на Светите браќа и да го афирмираат, посебно апел до младата популација, до учениците да бидат новите наследници, новите апостоли, исто како рамноапостолните браќа Кирил и Методиј“, – кажа Андреј Иваноски, теолог.

 „Јас оваа година го нацртав „Св. Нектариј Егејски“, имавме можност да избереме кој светец сакаме да го нацртаме и јас сечувствувам многу мотивиран и среќен што учам како се цртале иконите од византискиот период“, посочи Илија Јанески, ученик.

  Инаку, идеата е во иднина сите овие творби на учениците да станат дел од  поголеми изложби ширум земјава.