Реклама

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Македонија

Во Битола заседаваше Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

Во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските на регионалниот систем за управување со отпад.

На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери, беа разгледани клучните активности што ќе го одбележат периодот што следи и ќе го насочат понатамошниот развој на регионалниот систем.

На состанокот беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините од двата региона, институциите и меѓународните партнери, и претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад.

Реклама

Во рамки на седницата беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка, а која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на работата на МОУО и напредокот на регионалниот систем.

Работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со општините и националните институции.