Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со Основното училиште ресурсен центар ОУРЦ „Кочо Рацин” Битола и граѓанскиот сектор, денес во просториите на училиштето одржаа инклузивен спортски ден со ученици и штитеници во училиштето.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека инклуизвниот спортски ден е силна порака за посветеност и дека секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен.

-Шампион не е само оној што освојува медал, туку секој што храбро чекори напред, ги надминува предизвиците и верува во себе, истакна претседателката на Советот за социјална заштита Марина Крстиќ.
Во инклузивниот спортски ден се вклучија спортски работници, спортски клубови, здруженија, академии, училишта, ресурсни центри и граѓани кои ги поддржуваат различностите и еднаквитe можности.

