Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Битола конституиран Локален економско-социјален совет

Во Битола, на конститутивна седница формиран е новиот состав на Локалниот економско-социјален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Битола, на конститутивна седница формиран е новиот состав на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) со кој ќе претседава стопанственикот Никола Трпеновски, а за негов заменик избран е Борче Димитровски, секретар на Општина Битола.

Од локалната самоуправа информираа дека во наредниот период ЛЕСС ќе ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината.

Новиот состав на ЛЕСС ќе дава свои мислења и предлози за специфичните прашања како што се економскиот и социјалниот развој на општината, вработување со акцент на младите, животниот стандард, развивање и унапредување на колективното договарање, подобрување на работните услови за заштита при работа, образованието и професионалната обука, демографските движења и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС, посочија од Општина Битола.