Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Внукот на Миладиновци шокиран од Малески-тргувањето со македонските национални чувства е предавство

Само човек што се оттуѓил од нацијата, од обичаите, од културата,човек кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само човек што се оттуѓил од нацијата, од обичаите, од културата,човек кој тргува со македонските национални чувства,може да каже дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се бугари и оти некогаш со бугарите сме биле ист народ- вели Христо Миладинов, потомок на првите македонски народни преродбеници,браќата Константин и Димитар Миладинови.

Како гром од ведро него, така сум изненаден од изјавата на нашиот сограѓанин Денко Малески ,оти не’ засега сите нас како македонци.Тој зборува во име на поколенија,зборува за минатото, со генерации наназад,понижувајќи и омаловажувајќи го македонецот-тоа е она што боли.

„Ваквата изјава каква што ја даде Денко, сигурни дека ќе оди во прилог, а веќе почнавме да слушаме на телевизииве разни изјави од Бугарија дека еден дел размислуваат правилно,некои неправилно. Сигурно дека ќе ги охрабри,но ќе речам дека борбата е навистина тешка ,тешка е да се сочува националното, идентитетот,постоењето на еден вековен народ,а кој тоа се’ ќе го издејствува не знам“ – вели Христо Миладинов.

Реклама

Не знам на што се должат таквите ставови на Денко,кој е син на големиот Владо Малески истакнат револуционер, писател,кој токму во Струга го напиша тестот за македонската химна “Денес над Македонија” ,а неговото семејство дало многу борци за оваа наша Македонија.Во овие историски премрежја низ кои поминава Македонија,кога се соочуваме со разни притисоци и се обидуваат да ни ги скинат крилјата,да ни ги искубат перјата,сега бугарите ликуваат и не сами тие-многу се оние кои ни ја газат македонштината.

„Фактиве што денеска ги гледаме ако размислиме дека до пред 10,20 години не смееше да се прозбори за промена на име, сите беа спремни животот да го дадат, но видите после малку по малку со перење на мозокот испаднаа пола на пола ,тоа е загрижувачки. Мене ми е страм ево и пред Вас да се докажувам дека сум македонец во овај 21 век, каде што има слобода на изјаснување, на пропадност јас сега да се докажувам кој сум и што сум, за кого ? – вели Миладинов.

Треба да покажеме сплотеност, а не да бидеме камелеони,да не дозволиме да ни го валкаат името на нашите предци. Стружани се трдокорни знаат да си го чуваат образот-вели Миладинов кој што не успрати со аманет,да не дозлволиме нашите внуци да заборават од каде потекнуваат.

„Останува едно најбитно, ние нашите гернациии помладите генераци и треба да имаме аманет да оставиме на нашите деца, внуци, на нашите потомци да ја раскажуваме историјата,да кажуваме за себе си, за нашите предци да тоа не го заборват. Иначе ако одиме по притисоците што однадвор се вршат, ние ќе се изгубиме и како народ и како нација„ – вели Миладинов.

Росица Голабоска