Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Без бројка, без систем: Македонија се соочува со невидливо бездомништво

Бездомништвото не почнува во моментот кога човекот ќе остане без покрив над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бездомништвото не почнува во моментот кога човекот ќе остане без покрив над глава. Процесот започнува порано – со ниски приходи, губење работа, семејни проблеми, долгови или други околности кои постепено го туркаат човекот кон живот без сигурен дом. Пораката е дека бездомништвото мора да стане повидливо со цел институциите соодветно и навремено да реагираат.

„Потребно е бездомништвото да е мерливо и видливо. Споредувајќи ги состојбите со другите земји во регионот, видовме дека само во неколку земји бездомништвото не е доволно видливо како што е случајот во Макеоднија. Земјите кои се успешни во справување со бездомништвото е онаму каде што тоа е видливо.“, вели Проф. Д-р Благица Новковска, Универзитет за Туризам и менаџмент .

Во Македонија и понатаму нема официјална бројка на луѓе кои се бездомници. Според проценките на Црвениот крст, кои се грижат за нив, само во Скопје има меѓу 500 и 600, а најголемиот дел од корисниците на ваквите услуги се мажи. Најчесто станува збор за луѓе на возраст од 40 до 60 години, но денес бездомништвото се почесто ги засегнува и младите. Според надлежните, проблемот не може да се решава само со привремено засолнување и хуманитарна помош. Потребни се мерки кои ќе го спречат човекот да стигне до улица, но и поддршка за оние кои веќе останале без дом – од обезбедување документи и социјална помош, до работа и трајно домување.

Реклама

„Се надевам дека во следниот период за определено време, ќе можеме да генерираме евиденција, еден таков инструмент. Нема да се води само бројка, колкав број на бездомници има, туку и да се види нивниот статус, нивните ризици, предизвици со кои што се соочуваат, за да може соодветно да им се помогне и од страна на нас, невладиниот сектор, но и од страна на институциите“, вели Тони Станковски, претседател на здружението за граѓани „Љубезност“.

Поддршка се очекува и преку вклучување на државата, општините, граѓанскиот сектор, но и можност за користење на европски и светски фондови за програми за домување и социјална реинтеграција. Останува предизвикот да се утврди колку луѓе навистина се погодени од овој проблем, затоа што без точна слика за состојбата, тешко може да има и долгорочно решение.