Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба,  соопшти денеска Јавното обвинителство. 

– На 17 јануари, откако претходно ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, со рацете ја удирал жената по главата и телото се додека не паднала во бессознание.
Со ударите и нанел повеќе тешки телесни повреди, крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со кои и е доведен во опасност животот на жртвата. По настанот, осомничениот се дал во бегство, но за кратко време бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоци или да изврши друго дело, се вели во соопштението. 

ЈП наведува и дека воедно искази на дел од сведоците укажуваат на неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, од кои произлегува сомневање дека тој би можел да боледува од некаква душевна болест. Бидејќи со стручно мислење се предлага понатамошна опсервација на осомничениот, со цел да се изврши негова медицинска проценка и психијатриско вештачење, јавниот обвинител предложи судот со посебно решение, по определување на мерката притвор, да го испрати осомничениот на опсервација и вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир  Хисар за период од најмалку 1 месец, соопшти Јавното обвинителство.