Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Здруженијата од правосудството наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Здружението на судии и обвинители зборуваат за се освен за суштинските проблеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на судии и обвинители зборуваат за се освен за суштинските проблеми во земјата. Ако со нивната гласност сакаат да изгледаат како бранители на правдата тогаш зошто нема конкретни чекори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали нема затоа што и тие се дел од проблемот и до кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните?

Ова е невидено лицемерие, не штитат правда, туку корупција, што претставува директна кражба на довербата на граѓаните.

Реклама

Ако сакаат правда време им е да почнат постапка.

На пример, да почнат со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судски совет и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Луѓе кои признаа дека имаат земено мито од 10.000 евра за влијание врз судски пресуди, па едниот се спогоди, другиот се стекна со условна осуда.

Ова е доказ за системот на СДСМ и ДУИ.

И ова не е изолирана појава, туку е проблем кој произлегува од влијанието на СДСМ и ДУИ, го има и во другите институции.

Што сакаат да им порачаат на граѓаните? Дека високи функционери во судството и обвинителството можат да бидат вклучени во директна злоупотреба на своите функции?

Граѓаните гледаат, граѓаните не ги следат само високите случаи, кои имаат поголемо медиумско внимание. Граѓаните ова го знаат и од прва рака, на пример во основните судови.

Граѓаните ја гледаат неправдата која СДСМ и ДУИ сe уште им ја нанесува, па дури и од опозиција.

Па како очекуваат граѓаните да имаат доверба во правдата ако виновниците остануваат неказнети?

Ако за ова Здружението на судии и обвинители кои се само многу гласни, ама ако сакаат правда, време им е да почнат постапки за корумпираните колеги.