Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Почнаа гужвите по книжарниците пред стартот на учебната година.  „Помалку трошоци –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа гужвите по книжарниците пред стартот на учебната година.  „Помалку трошоци – повеќе за тебе “ стапи на сила – мерката што им овозможува на родителите да пазарат со 15 % попуст за да му овозможат на детето да ја следи училишната настава. Трговците се уште ги лепат цените и се подготвуваат, а попустот важи на каса за секој купен производ. Од Mинистерството за економија им даваат на трговците рок до крајот на оваа недела да ги усогласат цените, а од вторник најавуваат инспекциски надзори.

„Таму каде што ќе обележуваме дека не се почитува мерката или се злоупотребува, нормално дека во рамки на законот заедно со Државниот пазарен инспекторат ќе постапуваме.“– вели Бесар Дурмиши, Министерот за економија.

Со владината одлука за пониски цени на училишниот прибор, сметката од 3000 денари се намалува на околу 2500, а за семејствата со две деца заштедата може да достигне и 1.000 денари.

Реклама

Пример што се му е потребно на еден четвртооделенец во Македонија? Според листата која ја добиваат од училиштето – шест големи тетратки, една нотарка, блок, подлога, чашка, темперни и четки. Линијар и агломер по математика, а приборот треба да биде богат со дрвени боици, фломастери, моливи, гума, острилка и две пенкала. Па така согласно оваа листа се упативме во книшарница да видиме колку чини сето ова. Тетратка што претходно чинела 90 денари, ја плативме 76 денари. Темперни со редовна цена од 240 денари, ги купивме за 200 денари. Сметката која требаше да чини 2300 денари се намали на околу 1900 денари.

Граѓаните ја поздравуваат владината мерка. Велат дека навистина им помага да заштедат, но сепак би сакале попустот да биде и поголем.

„Помага, со тоа заштедуваме, се е на 15% попуст. Макар и 15% ни помага. Би сакале и бесплатен да е приборот.“– велат граѓаните.

Инаку веќе трета година Владата ја спроведува оваа мерка. Трговците се должни покрај новата, намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година бидејќи токму оваа цена се зема како базична, врз основа на која се утврдува намалувањето. Новите, пониски цени ќе важат до 30 септември.