Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Карпошово културно лето: Уметност, музика и креативна енергија 

Осмата вечер на Карпошовото културно лето, помина во знакот на културно-уметничките перформанси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осмата вечер на Карпошовото културно лето, помина во знакот на културно-уметничките перформанси и изложби, и енергична поп-рок забава. Публиката на платото „Млечен“ уживаше во богатиот репертоар на аматерскиот женски хор „ФРИДА“, кој опфаќа преработки на светски хитови од 60-тите, 70-тите, и 80-тите години на минатиот век, како и македонски евергрини, филмска музика, но и обработки на традиционални македонски песни. Во хорот членуваат повеќе од 100 хористки, организирани во три секции (групи), а основач, музички раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева- вокален солист и музички педагог – се вели во соопштението од општина Карпош. 

Со почеток од 19:30 часот, на истата локација, се одржа групна ликовна изложба „Карпош меѓу боите и генерациите“, на учениците од Школата за цртање и сликање „Галика Премиум Арт“, која е со седиште во општина Карпош. На изложбата беа претставени околу 15 автори-деца, млади и возрасни , со по едно или две внимателно работени, одбрани, технички перфектни и сериозни ликовни дела, акрил на акрилена картонска подлога и дел цртежи, специјално работени за претстојниот настан „Карпошово културно лето 2026“. На изложбата беше претставено и едно авторско дело од академскиот ликовен уметник Елена Галика, основач и ментор на „Галика Премиум Арт“, со што симболично се прикажа поврзаноста помеѓу професионалното уметничко творештво и едукативниот процес.

Во училишниот двор на ООУ „ Петар Поп Арсов“, со проекција на филмот „Балканкан“, заврши седумдневниот филмски циклус македонски филмови кои се прикажуваа на „киното на отворено“. Вечерта заврши со одличен, енергичен и вибрантен настап на познатитот поп- рок кавер бенд „Day Off“, кои имаат преку триесетгодишно искуство на музичката сцена. Меѓу своите карпошани, присутен беше и се забавуваше во релаксирана и опуштена атмосфера и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски.