Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод со што се отвора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод со што се отвора патот за гас од Америка до Централна Европа. Интерконекторот ќе се протега од Клечовце и ќе стигнува до границата кај селото Сопот.Трасата ќе биде долга 67 километри, 23 на македонска страна и 44 километри на српска територија. Гасоводот ќе го гради македонска компанија и кој ќе чини 29,4 милиони евра.Според најавите, ова би се оставироло за две години.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ваквите проекти ја зголемуваат геостратешката важност на државата и ја приближуваат до целта да биде раскрсница на Коридорите 8 и 10 не само за патишта, туку и за енергија.

„Ние сме држава којашто не излегува на море и со вакви проекти, кога се поврзуваме со пристаништа, во случајов како што е терминалот Александрополи, кога се поврзувавме со солунското пристаниште, со продуктоводот и нашата рафинерија ‘ОКТА’, кога градиме интерконектори во делот на снабдувањето со електрична енергија и поврзување со нашите соседи, ние на тој начин ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава. Така што, овие проекти имаат огромно регионално, па и би рекол пошироко геостратешко значење, и јас низ таа оптика го гледам и овој проект, оваа цевка којашто треба да ја поврзе Македонија со Србија. Исто како што цевката треба да ја поврзе Македонија со Грција. Посебно што е двонасочен овој цевковод, и сето тоа му додава вредност на самиот проект“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Идејата на Владата е гасоводните врски со Грција, преку Македонија, Србија да стигаат до Унгарија и Австрија.

Реклама

“Денеска ја поставуваме инфраструктурната основа за нова енергетска поврзаност на Македонија со регионот и Европа. Со интерконекторот со Србија отвораме пристап до нови извори на гас, ја зголемуваме сигурноста на снабдувањето и создаваме услови Македонија да има многу посилна улога во регионалниот гасен систем“, истакна министерката Сања Божиновска.

Рапид Билд кој ќе го гради гасоводот ја презема одговорноста проектот да биде реализиран по принципот „клуч на рака“, компанијата ќе биде одговорна за целиот процес, од урбанистичкото планирање и проектирањето, преку изградбата, до обезбедувањето одобрение за употреба.

“По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата на компанијата „Рапид билд“, во вредност од 29,4 милиони евра. Станува збор за договор по принципот клуч на рака, според моделот FIDIC, кој ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба” – информира Недим Рама,генерален директор на НОМАГАС АД Скопје.

Во рамките на проектот, покрај самиот гасовод, ќе бидат изградени и уште пет објекти кои се неопходни за негово функционирање. Станува збор за мерна, редукциска и блок-станица, како и две станици за проверка и одржување на гасоводот.Гасоводот ќе може да пренесува до 160 илјади кубни метри гас на час, и тоа во двете насоки, зависно од потребите.Според планот, целиот проект треба да биде завршен до крајот на 2028 година.