Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Македонија лидер во регионот за инклузија на ромите, но тие се уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија лидер во регионот за инклузија на ромите, но тие се уште се справуваат со институционална неправда. Иако според многу индикатори Македонија е најдобра во препознавање на правата и инклузивност на ромската заедница таа се уште се справува со големи предизвици и маргинализација. Според т.н. „извештај во сенка“ на институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ во соработка со Европската Унија, државата има уште многу работа. Извештајот вели дека реализацијата на буџетот за поткрепа на ромската заедница најмногу се забележува во образованието но најмалку во областа на вдомување. Според „Ромалитико“ Македонија покажува напредок но исто така и големо уназадување во повеќе полиња.

„Во рамки на вдомување се уште министерството за транспорт ги нема потрошено парите коиштио се дадени во делот на проект за инфраструктура во ромски маала, во делот на здравство се уште сме во регрес за жал средствата не се искористуваат правилно, се уште постои јаз помеѓу жената ромка и жената што не е ромка во државата, постојат исто така јазови во другите аспекти генреалната оценка некаде е добра, некаде е многу лоша. Најмногу прогрес, би го издвоил делот на образование затоа што повеќето од мерките и искористеноста на буџетот е на навистина високо ниво“ , изјави Суад Скендери, програмски менаџер во Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“

Од институтот додаваат дека еден од долго-нерешените проблеми е сегрегацијата на ромските ученици од останатите во училиштата. Сепак од Министерството за социјална политика, демографија и млади не го гледаат извештајот како критика туку како дијалог за подобрување на наведените услови, Македонија на крајот, е најнапредна во регионот кога се работи за инклузијата на ромите, но велат дека работата не треба да заврши.

Реклама

„Сакам да го спомнам и берлинскиот процес кој е исто така многу битен и познан декларацијата бидејќи сметаме дека тие два документи во корелација со националните акциски планови за приоритетните области во стратегијата за роми допринесуваат Македонија за наша среќа да биде лидер во имплементација на документите кои се однесуваат на ромската заедница. Но ако сме најдобри тоа значи дека работата треба да заврши“ , изјави Мабера Камбери, раководител на Секторот за координација и техничка помош на министерот за социјална политика, демографија и млади

Според „Ромалитико“ институционалната координација е главниот причинител зашто финансиската искористеност е на толку ниско ниво.