Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Поголемо учество на младите во креиарње политики, повеќе можности за нив и конкретни поволности

Поголема поддршкка за младите и нивно поактивно учество во носењето одлуки –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема поддршкка за младите и нивно поактивно учество во носењето одлуки – ова се дел од најавите од регионалниот форум посветен на младите, локалната смоуправа, мирот и безбедноста. Министерството најавува активирање на младинска картичка, која ќе овозможи попусти и поволности за младите, но и платформа преку која директно ќе се следат нивните проекти и потреби.

„Проектите за младите, комплетно да се направи една платформа , која што е започната како постапка во самото Министерство, каде што сите буквално проекти ќе се канализираат во еден систем и ќе ги гледаме најдиректно. Ја откочивме работата која се однесуваше на младинската картичка, која беше заборавена долг период и со тоа веќе сме во напредна фаза. Тие се неколку проекти кои што директно ќе ги инволвираат младите.“, вели око Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади.

Покрај мерките на централно ниво, важна е и улогата на општините. Младинските совети, центрите за млади и службениците задолжени за младински прашања треба да бидат врската меѓу младите и локалната власт. Според најавите, повеќе од 80 проценти од општините веќе имаат формирано вакви совети. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски како позитивен пример ја посочи денешната конститутивна седница на Младинскиот совет на Град Скопје, која се оддржува после долг период.

Реклама

„Денеска на мое огромно задоволство, после многу години првата конститутивна седница ја има Младинскуиот совет  и сметам дека тоа ќе прогресиора и во перспектива, давајќи резултати и целосна вклученост на младите. Ние навистина имаме мудра младина која што треба позитивно да ја насочиме да учествува во сите процеси. Започнувајќи од локалната и заврѓувајќи до централната Власт. Вчера бевме сведоци, на новата апликација на Град Скопје која што токму млади ентузијасти ја изработија.“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.

Дополнително, за оваа цел, на 1-ви октомври беше потпишан меморандум за соработка  меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика и Националниот младински совет, за поголема вклученост на младите во локалните процеси. Покрај формирањто на планови, клучно е најавените мерки да се спроведат во парктика. Младите да добијат конкретни поволности, но и можности нивните идеи да влијаат врз одлуките што се носат во нивно име.