Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Министерството за енергетика и KfW ја продолжуваат соработката за поддршка на стратешките енергетски проекти

 Претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини оствариле средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини оствариле средба со германската развојна банка KfW, на која биле разгледани можностите за продолжување и унапредување на соработката во енергетскиот сектор.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството за енергетика, биле можностите за вклучување на KfW во поддршката на нови проекти и активности во текот на следната година, како и прегледот на тековните проекти, нивната реализација и досегашниот напредок.

Посебно внимание било посветено на можностите за обезбедување техничка помош и експертска поддршка за потребите на Министерството, со цел зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на процесите за планирање и реализација на стратешките енергетски проекти.

Реклама

– Министерството за енергетика останува посветено на развивањето партнерства со меѓународните финансиски институции, кои придонесуваат за модернизација на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на енергетската транзиција. Соработката со KfW претставува значајна основа за разгледување нови можности за инвестиции, размена на експертски знаења и поддршка на проекти од стратешко значење за енергетскиот систем на државата – велат од ресорното Министерство.