Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција

 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е во посета на Сеул…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е во посета на Сеул на глобалниот состанок за вештачка интелигенција и дигитализација во организација на Светска банка, денеска остварил средба со Сангбу Ким, потпретседател на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција.

-Разговаравме за следните чекори во соработката: дигиталните хабови, владината дигитална инфраструктура и развојот на дигиталниот паричник преку m.Uslugi. Во фокусот беа можностите за експертска поддршка и финансирање – напиша Андоновски на својот Фејсбук профил.

Андоновски ја истакнал важноста досегашните студии и анализи да ги преточиме во конкретни инвестиции, со јасни рокови и придобивки за граѓаните и компаниите.

Реклама

-Продолжуваме да градиме партнерства за посигурни дигитални услуги, посилна инфраструктура и поширок пристап до можностите што ги носи вештачката интелигенција – наведува Андоновски во објавата.

Претходно денеска Андоновски се обратил пред претставници од околу 70 држави од светот, каде што говорел за можностите што ги нуди вештачката интелигенција, но и за ризиците и предизвиците поврзани со нејзината примена.

– Не смее да се дозволи богатите држави, државите што се развивиени да имаат поголем пристап до просторот за вештачка интелигенција од помалите. Како држави мораме да вложиме во тоа да го направиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис има еднаков пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција, во спротивно можеме да ризикуваме дека јазот помеѓу развиените и помалку развиените држави ќе се зголемува наместо да се намалува – истакна Андоновски.

Посетата, како што посочи министерот, ќе заврши со состаноци со претставници на Светска банка посветени на проектите од областа на дигитализацијата во Македонија.