Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Во објава на својот Фејсбук профил тој објави дека автопатот се гради со одлично темпо.

-На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок! Што би рекол нашиот народ – „Се гледа крајот“.
Николоски додава дека на повидок е брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти.

-Ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот пред два дена во интервју за МРТ1 изјави дека финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево и во следните неколку недели ќе се пушти во употреба и целата таа делница од Извор до Врбјани со галериите. Тој потенцира дека ќе остане за изградба најтешката делница кај Ботун, а целиот автопат да биде завршен во предвидениот рок.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

